Вака Русинките бојосуваат јајца: Ладното боење дава најубави шари во боите на виножитото (ВИДЕО)

Задолжително испробајте

За овој метод на шарање ќе ви требаат бои во кесички, ладна вода, оцет, неколку салфети, стапчиња за уши и онолку ластичиња за тегли колку што ќе бојосувате јајца

Ви го претставуваме најубавиот и наједноставниот начин да добиете совршени шарени јајца за Велигден!
Идејата ја позајмивме од Русинките, чиј метод на ладно боење потполно воодушевува.

За овој метод на шарање ќе ви требаат бои во кесички, ладна вода, оцет, неколку салфети, стапчиња за уши и онолку ластичиња за тегли колку што ќе бојосувате  јајца.

Постапка:

Сварете ги јајцата на вообичаениот начин и оставете ги целосно да се оладат. Потоа, во секоја чаша ставете по една кесичка боја за јајца. Прелејте ги со лажица ладна вода и додајте лажица оладен оцет, па измешајте ја содржината во секоја чаша за убаво да се раствори бојата.

Секое јајце посебно завиткајте го во салфета (ако се повеќеслојни, раздвојте ги слоевите салвета и користете по еден за едно јајце). На врвот врзете ластиче за тегли, па потопете го памукчето од стапчето за уши во боја и спонтано нанесувајте ги боите на јајцата.

Кога ќе бидат обоени од сите страни, оставете ги да се сушат 15 минути. Потоа, одвиткајте ја салветата. Вашите феноменални велигденски јајца се готови!

Деталната постапка погледнете ја во следново видео…

Оваа техника на бојосување велигденски јајца го освои светот: Јајцата на пареа се величествено убави!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.