Тајни за убавината: Како се негува Емилија Кларк
Од нега на кожата до нега на рацете: Актерката Емилија Кларк открива какви ритуали за нега применува.
Позната кај милиони ширум светот како Денерис Таргариен, ѕвездата од серијата „Игра на тронови“, Емилија Кларк, нè маѓепса и во други продукции, како што се филмовите „Додека не те запознав тебе“ и „Соло: Приказна за војна на ѕвездите“. Со оглед на шармот и харизмата што таа зрачи во секоја улога, сакавме да откриеме барем дел од нејзината рутини за убавина.
Емилија Кларк: Тајни за убавината
– Кога ќе станам, прво правам вежби за јога, а потоа пијам чај. Јогата ми помага да го пребродам денот, вели Емилија и додава дека медитира пред спиење.
– За медитација ја користам апликацијата „Calm“ и понекогаш, кога ми треба „двојна доза“ на грижа за себе, користам и „Sleep theories“. Овие приказни пред спиење навистина функционираат затоа што доволно е да слушнам една и веднаш заспивам.
Кога станува збор за вечерната нега на кожата, Емилија прво ја отстранува шминката, а потоа го чисти лицето двапати, со препарат на база на масло. Потоа става хидратантна крема и со ролер го масира лицето наутро.
– Имам сува кожа и истражував многу во потрага по идеален препарат. Јас користам крем кој е хидрантен, базиран на алое вера и содржи хијалуронска киселина.
Нега на веѓи
Отсекогаш нè интересираше тајната на густите веѓи на Емилија, по кои таа стана препознатлива.
– Не ги допирам! Единствено што ме интересира е да не се спојат во средина. Никогаш не сум ги обликувала или отстранувала влакната. Јас ги четкам и тоа е тоа. Не ставам молив или сенка на веѓите.
И, како се грижи за својата коса?
– Имам одличен трик – користам четка за фен! Јас само се чешлам откако ќе ја измијам косата и тоа е тоа! Сакам фризури кои не бараат многу напор. Јас не користам никакви производи за нега на коса.
Трик за релаксација на Емилија
– Сакам медитација и јога, но не претерувам. Само за време на карантин бев во можност да направам комплетна техника за медитација. Обично нешто ме прекинува. Исто така, пишувам дневник и со тоа го смирувам умот. Кога имам време, уживам во топла бања. Палам свеќи и земам книга. Пијам чај, слушам класична музика и се губам во светот на книгите.
Како таа останува во форма
За време на карантин, Емилија секојдневно вежбаше на Интернет со својот тренер. Но, таа не е љубител на фитнесот.
– Не ме терај да трчам, не ми се допаѓа тоа. Сакам вежби за истегнување и оние со полесен напор, затоа што се чувствувам силно и добро по ваквиот тренинг. Ништо екстремно.