За совршени велигденски јајца: Еве како да ги избелите без хемии и како да ви излезат перфектни!

Ќе бидете воодушевени од резултатите

Сè што ви треба за совршени велигденски јајца се две состојки што сите ги имаме во кујната – и потполно се природни!

Бојосувањето јајца за Велигден е една од најубавите традиции што потекнува уште од пагански времиња. Јајцата се симбол на пролетта и повторното раѓање кое се случува по долгите зимски месеци.

Вапсањето јајца е еднакво забавно и за децата и за возрасните – додека некои ги бојосуваат со купечки бои, други повеќе ги сакаат природните начини на боење со разни билки и зеленчук. Но едно е сигурно – секоја боја, без разлика дали е вештачка или природна, најубаво ќе изгледа на јајца со бела лушпа.

Како да ги избелите јајцата?

Иако можеме да најдеме бели јајца во продавница, нивната кора не е толку цврста како кај кафеавите јајца, па затоа и не се најпрактични за вапсање.

Што да направите тогаш? Избелите ги кафеавите јајца, но не со хидроген и слични вештачки средства. За среќа, во вашата кујна сигурно веќе ја има состојката што ви треба – алкохолен оцет. Освен што е добар за чистење разни површини или за освежување на фрижидерот, ефикасно ја избелува и лушпата на јајцата.

Постапката на избелување е всушност многу едноставна. Сè што ви треба е алкохолен оцет и вода во сооднос еден спрема еден. Тоа значи дека ќе ви треба една чаша вода на една чаша оцет за три јајца. Ако варите повеќе, зголемете ја количината.

Прелејте ги јајцата со оцет и вода за да бидат потполно потопени, па ставете ги да се варат на силен оган. Кога течноста ќе се загрева, ќе почне да се пени. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата и отстранете ја сета пена со лажица. Варете ги јајцата десет минути, исцедете ги и измијте ги со ладна вода.

Потоа пребришете ги со сунѓер или со крпа за да ги отстраните евентуалните дамки, но бидете внимателни, бидејќи лушпата ќе биде потенка поради варењето во оцет. И толку!

Вапсање јајца со природни бои

Сега кога успешно ги избеливте јајцата, следи најзабавниот дел – бојосувањето. Наједноставно е да ги бојосате јајцата со купечки бои, но поздрава и многу поубава идеја е да ги обоите на природен начин. Природата е преполна со билки во живи бои што можеме да ги искористиме за оваа цел.

Не знаете која билка ја дава која боја? Погледнете во продолжение:

  • зелена боја – спанаќ, коприва, магдонос
  • црвена боја – сок од компот од вишни
  • розова боја – цвекла, сок од брусница
  • кафеава/портокалова боја – лушпа од кромид
  • сина боја – црвена зелка, боровинки
  • жолта боја – глуварче, куркума
  • виолетова боја – црно вино
Виолетови велигденски јајца со уникатна шара: Потполно природно бојосување со една единствена состојка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.