Ирина Шајк во проѕирен костим: Дали би се осмелиле да го облечете? (ФОТО)
И да прошетате надвор?
Ирина Шајк (35) ги израдува своите следбеници на Инстаграм со фотографиите на кои позира во мошне интересен проѕирен костим. Имено, оваа необична тоалета изгледа како да позира сосема гола.
Широки и ниски ленти ги покриваа интимните места, а манекенката ги покрива градите со рацете. На лицето носи заштитна маска.
Фотографиите, направени додека се подготвуваа за виртуелната модна ревија на Маглер, собраа над половина милион лајкови и илјадници коментари.
„Кралица“, „Изгледаш неверојатно“, „Најубавата жена на светот“, „Таа е божица“, се само дел од комплиментите што фановите и ги испратија на 35-годишната манекенка.