Широки и ниски ленти ги покриваа интимните места, а манекенката ги покрива градите со рацете. На лицето носи заштитна маска.

Фотографиите, направени додека се подготвуваа за виртуелната модна ревија на Маглер, собраа над половина милион лајкови и илјадници коментари.

„Кралица“, „Изгледаш неверојатно“, „Најубавата жена на светот“, „Таа е божица“, се само дел од комплиментите што фановите и ги испратија на 35-годишната манекенка.