Дали психотерапијата помага во лекување на мозолчиња и акни?

Причинско-последичната врска помеѓу психата и кожата не е само логична, туку и научно докажана.

Истражувањата покажуваат дека луѓето со акни имаат зголемен ризик од анксиозност и депресија и дека ваквите ментални состојби можат дополнително да го влошат изгледот на лицето и кожата.

Кога сте тажни или вознемирени, вашето тело произведува хормон на стрес (кортизол) кој, покрај многу други функции, ја охрабрува вашата кожа да произведува повеќе масло. Повеќе масло значи повеќе бактерии, и повеќе бактерии – повеќе мозолчиња, објаснуваат експертите.

Кортизолот, исто така, предизвикува воспаление, правејќи ја кожата црвена и отечена, на што сме биле сведоци толку многу пати пред испит или важен деловен состанок.

Третманите за кожа можат да му помогнат на вашето ментално здравје, но третманите за ментално здравје исто така можат да ѝ помогнат на вашата кожа.

Иако ви се чини како клише дека грижата за менталното здравје е исто толку важна како и физичката здравствена заштита, тоа е факт. Психотерапијата ќе ве научи на вештини за справување со стресот и оние животни околности што ви изгледаат нерешливи.

Секој пат кога ќе помислите дека можете да го направите тоа сами, запомнете дека не би биле таму каде што сте ако можевте.

Јога, медитација и вежби за дишење се пожелни, но не доволно ако нездравите емоции преземаат контрола врз вашиот живот.

Работата со психотерапевт открива нови перспективи, ви дава можност да ја видите поголемата слика и да бидете пообјективни. Конструктивните совети ќе го подобрат квалитетот на вашиот живот и ќе ве научат како да избегнувате насилни реакции, драматични сценарија и чувство дека сте „заглавени“. Со тоа, исто така ќе спречите ерупција на кожата.

Знаеме дека ова не е едноставно како што изгледа и не се обидуваме да ве убедиме во тоа. Ние се обидуваме да ве убедиме да си помогнете сами со тоа што ќе отидете на дерматолог, психотерапевт или кој било лекар кој ќе ви обезбеди ефикасни методи за надминување на животните пречки.

И за крај, не заборавајте – акните не се нешто од што треба да се срамиме и треба да ги криеме. Тие се природни, нормални и секој момент во животот ги има. Одете полека по својата мисија за здрав живот – за себе и за вашето лично чувство на задоволство.

Прочитајте и: Неколку методи што можете да ги користите за да ги спасите премногу тенките веѓи

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.