Пирс Морган тврди дека тој и неговите синови добиваат смртни закани откако ја обвини Меган Маркл за лага
„Еден трол вети дека ќе ме убие пред синовите“
Водителот Пирс Морган тврди дека тој и неговите синови добиваат смртни закани откако ја обвини Меган Маркл дека лаже во интервјуто со Опра.
Моите тројца синови ми кажаа дека се на удар и ми испратија снимки со токсично насилство упатено кон нив“, изјави поранешниот водител на емисијата Mail on Sunday, додавајќи: „Пораката што ја добија моите синови гласи: ‘Кога татко ти ќе умре, светот ќе организира забава’“, тврди Морган.
Поранешниот уредник нагласува дека неговите синови не се занимаваат со Меган Маркл и дека не го делат неговото мислење за војвотката од Сасекс.
Еден трол вети дека ќе ме убие пред синовите Спенсер, Алберт и Стенли“, додаде тој.
Лондонската полиција за „Индипендент“ потврдила дека ги истражува заканите.
Морган призна дека му е жал што ја напушти емисијата „Добро утро, Велика Британијо“ за време на расправијата поради интервјуто на Меган и Хари со Опра.
Кога подобро ќе размислам, не требаше да го сторам тоа“, напиша тој на Твитер.
Сепак, Морган додаде дека услов да останел на позицијата водител на шоуто е да ѝ се извини на Меган, што не сакал да го стори.
Па, не сакав да ѝ се извинам на Меган Маркл, бидејќи вистина е дека не ѝ верувам“, објасни Морган на Твитер.
Имено, еден ден по интервјуто, Пирс Морган набрзина го напушти сетот на шоуто „Добро утро, Британија“, откако неговиот колега Алекс Бересфорд го повика за коментар на сметка на Меган Маркл, по што Пирс поднесе оставка.
Wowza.. just seen the online traffic numbers for this piece.
They’re INSANE.
Heading fast towards being my most-read column/article ever.
If you haven’t read it yet, here’s the link: https://t.co/YFRukUamYh pic.twitter.com/bkTyy0bq4k— Piers Morgan (@piersmorgan) March 29, 2021
Во слободно, демократско општество, треба да се дозволи да не се верува. Дали тоа е секако суштината на слободата на говорот? Ако сега кажам дека ѝ верувам на Меган, ќе ја излажам публиката, ќе го направев она за што ја обвинив неа“, заклучил поранешниот водител.
Фото: Твитер