Сиринки: Пробајте руски погачи кои се прават од само 4 состојки и тоа за само неколку минути!

Пробајте

Кога станува збор за појадокот, треба да се потрудите малку повеќе за ритуалот на уживање во почетокот на денот да ви биде уште поубав

Понекогаш само треба да се пронајде вистинскиот рецепт, а не предолго да се стои пред рерна и да се експериментира. А кога станува збор за палачинките и сите нивни варијанти во различни земји, можеме да кажеме дека тоа е омилениот избор. Дури можеби позабавно би било да ги прескокнете традиционалните рецепти и да испробате некоја идеја од светските кујни.

Сигурно сте чуле за дански палачинки, вафли, јапонски палачинки и други, но денес на распоред ни е рускиот специјалитет кој се смета за нешто помеѓу погачки и палачинки, а се вика сиринки. Главната состојка е свежото сирење кое се меша со јајце, брашно и шеќер, па се пече како панцероти.

Состојки:
  • 300 г свежо сирење
  • 1 јајце
  • 3 лажици брашно
  • 1 лажица шеќер
Приготвување:

Измешајте ги сите состојки и добро згмечете ги со виљушка (можете да ги ставите во блендер за похомогена смеса), формирајте топчиња и по желба извалајте ги во уште малку брашно, па печете ги на масло додека добијат златникава боја од двете страни.

Може да се послужат со бројни додатоци: посипете ги со шеќер во прав, додајте џем, чоколадо, овошје, солема карамела, слатка павлака…

Погледнете го и следното видео за подетални инструкции.

Добар апетит!

Одлични се за појадок, како предјадење или вечера: Пробајте мафини со шунка и сирење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.