Како современите жени се грижат за својот изглед и го забавуваат процесот на стареење?

Дознајте!

Што можат да направат дермалните филери за вас?

Со годините, кожата природно ја губи концентрацијата на хијалуронска киселина која самата ја произведува, што доведува до губење на тонусот, пополнетоста и еластичноста на кожата. Придружено со негативните ефекти на надворешните влијанија како што се загадувањето, ултравиолетовото зрачење, но и никотинот, последиците врз состојбата на кожата и организмот во целост се трајни.

Естетската медицина и современата козметологија бележат навистина револуционерни промени во последните неколку години и овозможија неинвазивните, корективни зафати да му бидат достапни речиси секому. Бројот на модерни методи и техники кои ни стојат на располагање кога е во прашање грижата за изгледот, но и за квалитетот на кожата е навистина голем, а едно од овие модерни решенија се дермалните филери со хијалуронска киселина.

 

Што можат да направат дермалните филери за вас?

Доколку сакате да ја вратите цврстината и свежиот, младешки изглед на кожата, дермалните филери со хијалуронска киселина се вистинското решение за вас! Покрај пополнувањето на брчките и фините линии преку практично надополнување на потребен хијалурон на засегнатите места, филерите се и решение за пополнување на усните и суптилно, но ефектно зголемување на нивниот волумен. Едноставниот и безболен метод на аплицирање и краткото траење на оваа неинвазивна процедура која дава одлични и веднаш видливи резултати и долготраен ефект, ја прават сè почест избор на современите жени кои се грижат за својот изглед.

Кои филери да ги одберете?

Saypha® филерите се исклучително безбедни и со оптимална толеранција на кожата, бидејќи не содржат состојки од животинско потекло. Одлични се за користење на повеќе делови од лицето, за индивидуален и природен резултат, зависно од потребите.

Saypha® филерите се вбризгуваат од страна на стручно лице или лекар, а процесот е брз и едноставен без хируршки зафати. Третманот е едноставен и безболен со помош на новата комбинација на хијалуронска киселина и Лидокаин.

Внимателно селектираните состојки, биоферментативното потекло, уникатниот, целосно автоматизиран процес на производство и 40 годишното искуство гарантираат највисок квалитет, најголема удобност и оптимална компатибилност за секој пациент.

Токму затоа, Saypha® се вистинска бјути-ѕвезда во категоријата естетски третмани!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.