За сладок почеток на денот: Торта од ванила
Заборавете на калориите и едноставно препуштете му се на уживањето!
Потребно е:
За кора: 2 јајца, 75 г шеќер, 75 г брашно
За крем: 0,5 л млеко, 3 жолчки, 150 г шеќер, 1 стапче ванила, 300 г слатка павлака, 20 г желатин
Приготвување: прво, направете кора така што ќе ги изматите јајцата со шеќерот, па ќе го додадете и брашното. Печете ја во загреана рерна на 180 степени, 6 минути. За тоа време, зовријте го млекото со стапчето ванила, а потоа изматете ја жолчката со шеќерот и зовријте ги во млекото.
Додајте желатин и почекајте да се излади малку.
Во изладениот крем, додајте изматена слатка павлака.
Украсете со овошје по избор и со рендано чоколадо.
Текст: Н. Човиновска
Фото: Pexels