Запознајте ги карактеристиките на најпрогресивниот знак на Зодијакот – Водолија

Партнерот мора да се труди да ве освои. Уживате во долги врски, но имате и една мана – склони сте на неверство.

Сите родени во периодот од 21 јануари до 19 февруари му припаѓаат на најпрогресивниот знак во Зодијакот – Водолија. Станува збор за воздушен знак, а доколку му припаѓате нему, според западната астрологија, знајте дека сте многу темпераментни и позитивни, пријатни, комуникативни и шармантни.

Флексибилни сте и голем оптимист. Имате способност да се снајдете во разни ситуации.

Ве краси единствен и неповторлив шарм.

Во работата сте натпреварувачки настроени, но многу сте вредни и сакате да учите.

Умеете да располагате со пари и умеете добро да инвестирате.

Во емотивните врски сте заводливи и фатални – поседувате огромна доза на сексапил.

Вашата едноставност е неодолива, па за многумина сте остварување на соништата.

Имате совршен стил, сакате софистицирана облека.

Понекогаш на партнерот му изгледате бесчувствително, но тоа е само вашата маска.

Партнерот мора да се труди да ве освои. Уживате во долги врски, но имате и една мана – склони сте на неверство. Ако се случи да го изневерите партнерот, причините главно не се со емотивна природа.

Исклучително сте талентирани. Имате дарба за секој вид уметност, а најмногу за танц, балет и за глума.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.