Ирина Шајк во ова издание го привлекла вниманието на минувачите: Прошетала во бели чизми по кои трендсетерките полуделе!

Одлична комбинација

Руската убавица ги ниже одличните стајлинзи еден по друг и со тоа докажува дека има одличен моден вкус!

Ирина Шајк (34) го привлекува вниманието со својата убавина каде и да се појави, но и со изборот на модни комбинации.

Руската манекенка била фотографирана на улиците на Њујорк за време на прошетка со нејзината ќеркичка Леа де Сена, која ја има од врската со холивудскиот заводник Бредли Купер.

За опуштената прошетка со својата љубимка Ирина облекла ефектна зимска јакна во комбинација со хеланки и бела ролка.

Стајлингот го заокружила со бели чизми под колена, модел по кој полудеа трендсетерките оваа есен.

Овие чизми се најголемиот моден хит есенва, а сигурно ќе бидат и претстојната зима. Одбрала заштитна маска во црна боја, но во текот на прошетката ја заменила со маска со животински дезен.

Ирина Шајк го спои неспоивото и нè врати во 1990-тите со модерна комбинација за секој ден (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.