Кеба прв открил дека Северина има друг? Фолк-пејачот веднаш го известил синот Игор дека пејачката има друг

А секогаш беше на нејзината страна

Веќе со денови јавноста во регионот гласно ја коментира новата љубовна врска на Северина Којиќ и Томислав Воштиниќ, сопственик на винарија од Хрватска.

Од ден во ден испливуваат нови детали за оваа романса, па како што пренесува порталот „Србија данас“ дознавајќи од извор близок на свекорот на поп-пејачката Драган Којиќ Кеба, тој прв го разоткрил неверството на својата снаа.

Кога фолкерот дошол до потврда на информацијата, тој и неговата сопруга Оља му раскажале се’ на својот син. Наводно, тоа се случило летово кога Северина на големо беше во родната Хрватска и не ѝ ни паѓаше на памет да се врати во Белград.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Пејачот и неговата сопруга преку пријател од Загреб дознале дека таа е во шема со Воштиниќ. Тогаш Игор разговарал со Северина и ѝ ги посочил сознанијата на своите родители, па дошло до поголема расправија меѓу нив. По неколку дека, Северина јавно напиша на Инстаграм дека виновниците за проблемите во нивниот брак се токму Кеба и Оља.

Покровители се Оља и Драган. Те молам, исклучи ме од ова, покровители се Оља и Драган“, налутено напиша тогаш пејачката откако Игор ги обвини нејзиниот поранешен партнер и медиумите дека премногу се занимаваат со неговиот брак.

По ова, Северина престана да ги следи сите членови на семејството Којиќ на Инстаграм, а малку потоа ги собра работите од нивната куќа во Белград каде што редовно престојуваше кога доаѓаше во Србија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.