Меган Маркл ја сподели болната вистина: „Додека го држев првороденото дете, знаев дека го губам второто“

Искрена исповед

За втората бременост на војвотката од Сасекс долго време се пишуваше, но таа и Хари јавно не зборуваа за тоа. Сега е јасно зошто – Меган Маркл го загуби бебето во јули.

Нагаѓањата за втората бременост на Меган Маркл почнаа кога папарацото ја фотографираше пред гинеколошката клиника во Калифорнија. На мајката на малиот Арчи ѝ беше потребно некое време да ја одболува својата загуба сама, а сега одлучи јавно да проговори за ова болно искуство.

Додека го држев своето првородено дете, знаев дека го губам второто“, раскажа Меган, која го почувствувала спонтаниот абортус.

 

Тоа беше вообичаено утро. Направив појадок, ги нахранив кучињата, ги испив витамините и ја заврзав косата во коњско опавче. Го зедов син ми од креветчето и додека му ги менував пелените почувствував силен грч. Се спуштив на земја со него во прегратките и му потпевнував песничка за да останеме мирни. Веселата мелодија беше целосен контраст на моите емоции. Додека го држев син ми, знаев дека го губам второто дете“, напиша Меган за „Њујорк тајмс“.

 

Неколку часа подоцна лежев во болничкиот кревет, а за рака го држев мојот сопруг. Му ги бакнував дланките мокри од нашите солзи и размислував за тоа како ќе го преболиме ова.“

Меган овој текст го наслови „Загубите што ги споделуваме“ и откри дека од сто трудници, од десет до дваесет од нив ги губат бебињата. Оваа приказна, војвотката од Сасекс им ја посвети токму на тие жени, додавајќи дека во 2020 година сите претрпевме големи загуби.

Оваа година сите не’ донесе до пресвртна точка. Сите претрпевме огромни загуби во оваа истоштувачка 2020-та година“, заклучи таа и повика на емпатија.

Фото: Инстаграм, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.