94-годишна баба раскажала како му се одмаздила на неверниот сопруг: Таа е вистински хит! (ВИДЕО)
Одмазда!
Силната жена може сè, па и мајсторски да му се одмазди на мажот
Видеото, објавено на 22 јули, прегледано е 13,1 милиони пати на ТикТок и дополнителни 44 милиони пати на Фејсбук.
Во едно особено популарно видео, Дорис се присетува како го фатила сопругот дека ја изневерува и ја раскажува одмаздата што му ја приредила нему и на неговата пријателка.
„Дознав дека има друга девојка, па се спријателив со неа. Една ноќ излеговме, а јас одлучив дека нема да пијам ништо. За разлика од мене, таа се опијани.
Кога дојде време да јадеме нешто, таа беше толку пијана што падна со лицето во храната и така заспа. Тогаш му се јавив на сопругот и му кажав да дојде по својата пријателка“, раскажала Дорис во видеото.
View this post on Instagram
Дорис на социјалните мрежи споделила многу детали од својот живот, вклучувајќи го и тоа дека имала двајца сопрузи алкохоличари и пет деца, а по вториот развод, работела на три места за да се грижи за нив.
На крај, отворила своја градинка, каде што клиентите плаќале зависно од нивните примања, па дури и нудела бесплатна грижа за децата на сиромашни мајки.