Подгответе се за важни животни промени: Младата месечина во знакот Скорпија ќе има големо влијание врз овие 3 хороскопски знаци

Астрологија

Фото: Getty Images

Од 15 ноември, судбината полека ќе почне да ви се менува

Младата месечина на 15 ноември ќе влезе во знакот Скорпија, а тоа значи само едно нешто: време е да се соочиме со работите што веќе долго време нè мачат.

Ѕвездите ќе нè доведат до таква положба што ќе мораме да се соочиме со најранливите чувства, но истовремено и ќе се ослободиме од сиот товар што нè мачи со години. Овој астролошки период го означува почетокот на новото животно поглавје и почетокот на некој похармоничен период…

Оваа млада месечина најмногу ќе влијае врз овие 3 знаци…

Бик

Имате можност да ги прифатите новите позитивни промени што ви ги носи животот, особено на поле на партнерски односи. Направете ја вашата љубовна врска автентична, зачинете ја со нова страст, имагинација и искра. Искрената и длабока комуникација конечно ќе ви донесе мир кога станува збор за љубовта. Дозволете си себеси да бидете ранливи и конечно отворете си го срцето.

Девица

Сите ваши акции и реакции за време на младата месечина во Скорпија, добиваат интензитет на сирова емоционална искреност. Иако сте знак кој секогаш ѝ дава предност на логиката, сега ќе им дозволите на чувствата да испливаат на површина и тоа ќе ви донесе олеснување. Вашата емотивна страна ќе ве инспирира за позитивна трансформација.

Стрелец

Младата месечина ви влијае така што ве поттикнува да погледнете во длабочината на вашата душа. Конечно наоѓате време за одмор и опуштање. Побарајте го вашиот пат кон успехот во старите заборавени соништа. Време е за добри идеи и напредок – искористете ја оваа енергија.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.