Потребни ви се само три состојки за да направите спортски пијалак дома

Без разлика дали тренирате во теретана, пешачите, трчате или возете велосипед, многу е веројатно дека повремено пиете спортски пијалаци.

Повеќето од нив не се добри како што мислите. Тие содржат многу шеќер и вештачки бои. Друг недостаток е нивната цена, но за среќа можете сами да направите таков пијалак, потребните состојки најверојатно веќе ги имате во домаќинството.

Спортските пијалаци содржат сахароза (шеќер) за да помогнат во согорување на повеќе јаглени хидрати и намалување на чувството на замор после напорно вежбање. Содржат и сол, тие го заменуваат природниот натриум што го губиме од организмот преку потење. Спортските пијалаци помагаат да се стимулира жедта и му се овозможува на телото подобро да ги апсорбира јаглехидратите и водата.

За сами да направите спортски пијалак, доволно е да измешате пет лажици шеќер и една четвртина лажичка сол во шише вода. Ако сакате да го подобрите вкусот, дел до водата заменете со кокосова вода, парчиња лимон и лимета или сок од ананас и мед.

Има и уште неколку едноставни рецепти за спортски пијалаци кои звучат привлечно. На пример, измешајте вода, лимон, сок од портокал и мед и додадете четвртина лажичка сол. Можете исто така да додадете две до четири лажици мед или јаворов сируп и една четвртина лажичка сол во билен чај.

Прочитајте и: Минералите се клучни за здравјето, а овие три се најважни

 

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.