Ниту една паметна жена не се согласува на ова: 5 работи што ни во лудило не треба да ги правите за мажите!

Мудри совети

Колку и да го сакате, никогаш немојте ни да помислите на овие работи!

Колку и да сте вљубени во вашиот партнер, некои работи се едноставно неприфатливи. Паметната жена никогаш нема да ги прави овие 5 работи за својот сакан.

1. Никогаш немојте да му помагате финансиски

Секоја жена што го финансирала својот партнер, горко се покајала поради тоа. Бидете му поддршка кога му е тешко, но се согласувајте да бидете некој што ќе го издржува.

2. Немојте да му купувате скапи подароци

Никогаш не му ја покажувајте љубовта со скапи подароци. Не обидувајте се да го импресионирате така што ќе потрошите огромна сума на пари за него, особено не на почеток на врската. Ова ќе ја одведе вашата врска во погрешна насока. Парите никогаш не треба да бидат мерило за љубовта.

3. Немојте да го менувате изгледот само затоа што тој така сака

На жените им доаѓа речиси природно да го менуваат изгледот во согласност со тоа што му се допаѓа на нивниот партнер. Да се разбереме, нема ништо погрешно во тоа да поминете малку повеќе време средувајќи ја косата или фризурата пред рандеву. Тоа е можност да ја нагласите вашата природна убавина и да си ја подигнете самодовербата. Сепак, би требало да бидете еднакво самоуверени и кога ќе се појавите пред него во маица и фармерки, како и кога ќе се појавите во фустанот што тој го обожава. Бидете свои.

Никогаш не менувајте го својот изглед само поради маж, па дури и да го сакате најмногу на светот. Ако ве притиска да се облекувате онака како што тој сака, да носите фризура каква што тој сака или на кој било начин да го менувате телото, не вреди да си трошите време на него.

4. Немојте да се откажувате од вашите соништа

Тоа што сте во врска не значи дека треба да се откажете од вашите соништа, само затоа што соништата на партнерот не се вклопуваат со вашите. Напротив! Вистинскиот маж ќе ве поддржи во сите ваши намери!

5. Немојте да измислувате оправдувања за него

Кога тој ќе погреши, понекогаш сигурно има добро оправдување, но не треба вие да го измислувате за него. На тој начин само се лажете себеси и, во суштина, му давате поддршка на неговото непримерно однесување во некои ситуации. Кога треба, слободно искажете го вашиот став.

Како да препознаете невротична врска: Ако вашиот партнер е ваков, имате само две опции!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.