Орландо Блум им ги растопи срцата на милион мајки: Ова е неговиот трик за заспивање на бебето
Откри на кого личи ќерка му
Миленикот на жените и една од најголемите холивудски ѕвезди на денешницата за медиумите зборуваше за ќеркичката што неодамна ја доби со Кети Пери.
Популарната пејачка пред месец и пол на свет донесе девојче на кое таа и нејзиниот свршеник Орландо Блум му го дадоа името Дејзи Дав.
Иако се познати по тоа што својата приватност ја чуваат далеку од очите на јавноста, разнежнетиот татко не одолеа и во емисијата на Елен Деџенерес зборуваше за нивната ќеркичка.
Имено, актерот откри на кого личи наследничката.
Кога се роди, си помислив: ‘О, па тоа сум јас! Тоа сум мини-јас!’ За среќа, подоцна ги покажа сините очи на Кети, што е совршено“, раскажа актерот.
Сепак, тој истакна дека Дејзи не е негова копија.
Потоа почна малку да потсетува на мајка ми. Затоа бев збунет бидејќи Кети го дои овој мини-јас кој е мајка ми… На кого ли ќе личи следно?“, се пошегува Орландо, на што Елен додаде: „Можеби на мене?!“
Тој ја сподели и својата симпатична тајна – трик за заспивање бебиња.
Станува збор за трик што го користи од 16-та година, а потекнува од будистичката религија. Имено, актерот му шепоти на девојчето и истакнува дека тоа е пресладок начин за заспивање и дека на Дејзи ѝ се допаѓа кога тато ѝ шепоти пред заспивање.
Инаку, Блум е татко на Флин, кој го доби во бракот со манекенката Миранда Кер и кој има девет години.
Фото: Инстаграм, Getty Images