Само за гурмани: Домашна туршија со грозје и лути пиперчиња

Совршена зимница

Туршијата од грозје и пиперчиња е превкусна зимска салата што ќе ја збогати секоја трпеза

Состојки:
  • 1,5 л вода
  • 500 мл алкохолен бел оцет
  • 125 г шеќер
  • 125 г сол
  • 0,5 кесичка винобран
  • 0,5 кесичка конзерванс
  • 10 г шарен бибер во зрно
  • 700 г лути пиперчиња во разни бои
  • 400 г црно и бело грозје
Приготвување прелив за туршијата:

Во тенџере ставете вода, оцет, сол, бибер, винобран и конзерванс, промешајте и ставете го на рингла. Кога ќе зоврие, оставете го да врие уште 15 минути. Оставете го преливот да се олади.

Печените пиперчиња наредете ги во тегла, измијте го грозјето, па наредете го во тегла помеѓу редовите пиперчиња и прелејте ги со оладениот прелив. Ставете ги на суво и темно место.

Добар апетит!

Туршија од црвен кромид на италијански начин: Деликатес во кој ќе уживате зимава, а се приготвува многу едноставно
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.