Пејачката го оставила свршеникот: Причината за раскинување е филмска!

Дали е можно ова да се случува во вистински живот?

Деми Ловато и Макс Ерих ја раскинале свршувачката и ја прекинале врската по шест месеци

Пејачката Деми Ловато ја раскинала свршувачката со актерот Макс Ерих откако заедно поминале само шест месеци. Веста дека се свршиле ја објавиле во јули, по само четири  месеци врска, а се чини дека им пресудиле гласините дека 29-годишниот Макс и’ праќал пораки на поранешната пријателка на Деми, Селена Гомез, уште во 2015 година и ги споредувал.

„Тоа беше тешка одлука, но Деми и Макс одлучија да тргнат секој по свој пат и да се фокусираат на своите кариери. Се почитуваат и се сакаат и секогаш ќе го ценат времето што го поминаа заедно“, изјавил извор близок на парот.

Неколку часа откако се расчуло дека ја раскинале свршувачката, Деми споделила видео на Инстаграм во кое не го носи веќе свршеничкиот прстен. Во кратки кадри позирала пред огледало, а во еден момент го зумирала натписот на маицата на која пишува „кучињата се повеќе од луѓе“.

Деми и Макс ја почнале својата романса во март оваа година, непосредно пред почетокот на пандемијата на коронавирус, за време на која заедно го поминале времето во карантин. Својата љубов често ја покажувале на социјалните мрежи, споделувајќи заеднички фотографии и видеа.

https://www.instagram.com/p/CDpAXxIBQZR/?utm_source=ig_embed

Но, се’ тргнало наопаку кога било објавено видео во кое Макс ја исмева Деми и ја споредува со Селена, за која наводно напишал дека е поубава и дека пее подобро од неа.

„Хахахаха… Селена Гомез и Деми се слатки заедно, но ако мислите дека Деми е позгодна… Се лажете“, напишал наводно Макс во 2015 година.

Деми потоа тврдела дека сето тоа е лажирано и дека луѓето би требало да се занимаваат со попаметни работи.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.