7 занимливости за Мртво море: Импресивно чудо на природата во кое невозможно е да се потоне!

Волшебен феномен

Дознајте зошто овој природен феномен е толку посебен

Мртво море, Море на смртта и Лотово море се имињата за соленото езеро помеѓу Јордан и Израел кое се гордее со соленост од дури 33%.

https://www.instagram.com/p/CEJjV31naKd/

  • Мртвото море се наоѓа на 400 метри под површината на светското море на Блискиот Исток помеѓу Јордан и Израел. Исто така, длабоко е околу 400 метри.
  • Нивото на водата на ова солено езеро не расте, бидејќи околу него има пустинска клима со температура од 40 степени Целзиусови во текот на летото, која доведува до големо испарување. Од друга страна, дождовите на тоа подрачје се многу ретки.
  • Соленоста во Мртвото море изнесува околу 33%. Колку за споредба, Средоземното море има удел од само 3% сол. И покрај тоа, Мртвото море не е најсоленото езеро на светот. Од него посолени се Асалското езеро во источна Африка (35% сол) и Дон Жуан Понд на Антарктикот (со соленост од 40%).

https://www.instagram.com/p/CEHNzm5A9yf/

  • Поради високиот процент на сол, условите за живот се многу сурови. Во оваа вода можат да преживеат само ретки микроорганизми, како анаеробни бактерии.
  • Солите и минералите во Мртво море позитивно влијаат врз човечкото здравје, па не е ни чудо што уште од периодот на Херод Први доаѓаат на лекување луѓе кои боледуваат од псоријаза и други кожни болести, како и болести на коските, како остеопороза и артритис.

https://www.instagram.com/p/CEJcsCyo97s/

  • Поради високиот процент на сол, водата е многу густа, па затоа во него не е возможно да се плива, но никој не може ни да потоне. Меѓутоа, тоа не значи дека ова место не е опасно. Спасувачката служба редовно ги предупредува туристите да не пијат вода од езерото, бидејќи поголеми количини можат да ја нарушат рамнотежата на електролити во телото и да предизвикаат застој на некои органи. Во Мртво море забрането е нуркање и скокање во вода, за да се одбегне контакт на солта со очите.
  • Лековитата кал од Мртво море старите Египќани ја користеле за балсамирање мумии.

https://www.instagram.com/p/CEJTjSrAHYL/

Град на духови: Не се влегува во овој проколнат град по заоѓањето на сонцето! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.