Во петтата деценија изгледа подобро од двојно помлади девојки: Никол Шерцингер го посетила рајот на Земјава!
Погледнете!
Пејачката Никол Шерцингер овој месец требала да биде на турнеја со својата група „Пусикет долс“, но откако коронавирусот ги расипал тие планови, пејачката одлучила да оди на одмор со својот партнер Том Еванс
Ѕвездата одлучила слободното време да го помине на Света Луција на Карибите и судејќи според нејзините објави, овој одмор изгледа прилично идилично.
Никол и играчот на рагби споделиле низа слики од ова патување на социјалните мрежи, на коишто се гледаат волшебните временски услови и апсолутно импресивниот пејзаж.
https://www.instagram.com/p/CDuFEDPDwD4/?utm_source=ig_embed
На прекрасните фотографии Никол го гледа мирното море, портокаловото небо и јахтата во далечина. На други, пак, парот позира во исти сини костими за капење на беспрекорната плажа со кристално чисти води.
https://www.instagram.com/p/CDWuwBdDyzl/?utm_source=ig_embed
Слободно можеме да кажеме дека Никол никогаш не изгледала поубаво и дека одморот со партнерот исклучително ѝ годи.