Дали ги слушате своите мисли? И дали мислиме со слики или со зборови?

Науката вели...

Додека размислувате, водите ли внатрешен монолог или не? Полемиката на оваа тема, која се прошири низ светските медиуми, неодамна ја поттикна (верувале или не) еден твит, кој стана вирален, а гласи:

Интересен податок: кај некои луѓе постои внатрешна нарација, а кај некои не. Првите ги ‘слушаат’ своите мисли како реченици, а кај другите тие се апстрактни, не се во форма на зборови, па тие луѓе мора да се потрудат за да ги вербализираат.“

Се воспостави дека луѓето многу често не се ни свесни дека постои другата група, односно – ако размислуваме во реченици, мислиме дека тоа е единствениот можен начин. Што вели науката?

Човечкиот вид се потпира на два модела на размислување: вербално (внатрешен говор) и визуелно (слики)“, објаснува студијата на група автори (Амит, Хефлин, Хамаз, Федоренко) од 2018 година.

Дали се двата начина меѓусебно независни? Најчесто не се. Се разбира, постојат и крајности – кај некои од нас процесот на размислување се одвива само во слики, а кај некои само со зборови.

Но најчесто мислиме комбинирано – истовремено и во слики и во зборови, така што додека го водиме внатрешниот монолог, го придружуваат слики.

Споменатите автори ја изнесуваат и теоријата дека визуелното мислење е примарно, земајќи предвид дека говорот се појавил подоцна во еволутивниот развој на човекот, па вербалното мислење настанало по визуелното.

Фото: Getty Images, Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.