7 работи кои НИКОГАШ не треба да ги кажувате после секс!

Внимавајте на овие работи...

Дали некогаш сте имале секс за прв пат со нов партнер и веднаш потоа, тој (или уште полошо, вие) ќе каже нешто што навистина не треба? Нешто што, за неколку секунди, брутално ја убива секоја шанса некогаш повторно да бидете во интимни односи?

Да бидеме искрени, кога станува збор за телесното задоволство, сите сме виновни за „непристојните“ работи што можеби сме ги кажале. Но, и најнезгодните, комуникативни типови треба инстинктивно да знаат дека после сексот има некои работи што не треба да се кажат. Никогаш.

Дури и не е важно дали го познавате вашиот сексуален партнер со години или само неколку минути, постојат непишани правила!

Првиот пат кога ќе имате секс со нова личност едноставно не е време да го отворите срцето или да се фалите за вашите освојувања или да ги вербализирате сите навредливи мисли што може да ги имате после сексот.

1. „Те сакам“

Не одете по тој пат. НИКОГАШ! Можеби не е вистина тоа што го кажувате, и не размислувате јасно.

2. „Ова ми беше прв пат“

Ако не се чувствувате доволно удобни да му кажете на партнерот дека никогаш не сте имале секс ПРЕД вистинскиот секс, веројатно не треба да зборувате за тоа веднаш после сексот.

3. „Не си како мојот поранешен“

Скептиците често тврдат : „Да, но тонот е важен“. Секако, начинот на кој се изразувате може да им даде сосема поинакво значење на истите зборови, но дури и ако ги кажувате тие зборови на најискрен и најелегантен начин, да бидеме јасни: никој НИКОГАШ не сака да слушне ништо за вашиот поранешен, особено не после секс. Само чувајте ги вашите мисли за себе.

4. „Сум била со Х партнери“

Никогаш не се фалете со бројот на партнери што сте ги имале.

5. „Тоа… Тоа беше…“ (Плачејќи)

Дури и ако вашите следни зборови се „совршено“ или „неверојатно“ или „најдобриот секс во мојот живот“, да се расплачете е како да го ставите последниот клинец во ковчегот на вашата сексуална врска.

6. “Беше многу подобро отколку што очекував!”

Еве одличен начин да направите личноста до вас да се чувствува несоодветна, непривлечна, а можеби и малку недостојна. Ова е класичен пример на негирање. Ваквите „комплименти“ се всушност маскирани навреди. Овие зборови делуваат како душевна шлаканица.

7. Апсолутно ништо

Се прашувате како можете да го направите сексот уште понепријатен отколку што често може да биде? Ајде да видиме… А да не кажете ништо? Мртва тишина после секс. Апсолутно ништо. Дозволете му на вашиот партнер да паничи со тоа што ќе потоне во таа морничава тишина додека се прашува што, по ѓаволите, може да мислите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.