Пред една година се преселила во Норвешка: „Еве зошто никогаш нема да се вратам!“
Воодушевена!
Како изгледа животот во една од најбогатите земји во Европа
Одлуката за преселување во друга држава е една од најголемите и најрадикалните што можете да ги донесете во животот.
Една Украинка собрала храброст и се преселила во Норвешка, и по една година ги открива најважните факти што ги заклучила живеејќи во друга држава…
- Норвешка е многу побогата земја од мојата родна Украина.
- Нивото на корупција е исклучително ниско.
- Судовите овде судат праведно.
- Здравствениот систем ме остави без зборови, во позитивна смисла.
- Овде сè се одвива бавно, но секогаш кон подобро.
- Многу работи се бесплатни (влезовите на бројни места, бројни поправки)
- Овде никој не ја оградува терасата со стакло – овде се цени парчето небо што го имате
- Овде никој не краде сијалици од ходник, бидејќи и тие се бесплатни.
- Овде луѓето се шетаат со децата и семејно возат велосипеди, наместо семејно да седат пред екраните
- Овде никој не остава ѓубре зад себе во природа
- Сообраќајните несреќи се многу ретки, а веќе неколку години наназад ниту еден дете на настрадало во несреќа.
- Овде луѓето не возат над дозволената брзина, ниту си го пресекуваат патот еден на друг во сообраќај.
- Велат дека Норвежаните имаат долг животен век, бидејќи се една од најбогатите земји. Не – Норвежаните многу се грижат за здравјето, не ги пропуштаат и не го одложуваат прегледите – затоа живеат повеќе од 90 години.
- Овде луѓето не се опијануваат и не пушат.
- Во Норвешка, превентивните прегледи се потполно бесплатни нормално е да се оди на доктор и кога не ви е ништо. Единствено скапа е поправката на забите, но нивното чистење е бесплатно.
- Бесплатно е и рутинското годишно вадење крв.
- Што и да ви се случи, се лекувате на трошок на државата.
- Овде сосема нормално е да се видат пензионери како шетаат или патуваат низ цела држава. Така си го чуваат здравјето и бракот.
- Луѓето овде се тивки и културни, никогаш нема да видите како некој зборува на телефон во полно метро.
- Овде луѓето не даваат совети ако никој не им побара.
- Овде балконите се преполни со цвеќиња.
- Погребите се многу скапи.
- Чувањето куче е многу скапо – од исхраната до казната ако ви побегне, касне или нападне некого.
Ова се само некои од работите што Украинката ги забележала речиси веднаш. И сите ѝ се допаѓаат, па не ни размислува да се врати во родната земја. Што мислите вие за Норвешка? Би живееле во ваква земја?