Со оваа должина на косата ќе изгледате 5 години помладо: Ова е најпопуларната фризура моментално!

Во тренд

Оваа фризура ги нагласува најубавите црти на лицето

Летото е вистинско време за експериментирање со косата, а една фризура стана особени актуелна деновиве.

Станува збор за таканаречен француски боб, кој претставува идеално решение доколку сакате да постигнете бунтовен и шик изглед.

https://www.instagram.com/p/B5A3a4-hOUE/?utm_source=ig_embed

Се разликува од останатите боб фризури по должината на косата до усните и рамните кркми над веѓите.

Токму поради должината, оваа фризура ги нагласува јаболчиците и очите. Ќе ви го освежи лицето и ќе му даде младешки изглед, па идеална е за жените кои имаат повеќе од 40 години.

https://www.instagram.com/p/CDhbfeIBn4v/?utm_source=ig_embed

Најчесто се носи разбушавена за да се постигне кул и бунтовнички изглед. Овој начин на стилизирање на косата бил особено актуелен во текот на дваесеттите и триесеттите години на минатиот век.

Одлично ќе им стои на дами со овална и срцевидна форма на лицето, додека дамите што имаат тркалезно лице би требало да ја одбегнуваат, бидејќи ќе направи да изгледаат пополно во лицето.

Јазол-пунџа готова за три минути: Елегантна и шик фризура за секоја жена! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.