Пред една година се преселила во Норвешка: „Еве зошто никогаш нема да се вратам!“

Воодушевена!

Како изгледа животот во една од најбогатите земји во Европа

Одлуката за преселување во друга држава е една од најголемите и најрадикалните што можете да ги донесете во животот.

Една Украинка собрала храброст и се преселила во Норвешка, и по една година ги открива најважните факти што ги заклучила живеејќи во друга држава…

  • Норвешка е многу побогата земја од мојата родна Украина.
  • Нивото на корупција е исклучително ниско.
  • Судовите овде судат праведно.
  • Здравствениот систем ме остави без зборови, во позитивна смисла.
  • Овде сè се одвива бавно, но секогаш кон подобро.
  • Многу работи се бесплатни (влезовите на бројни места, бројни поправки)
  • Овде никој не ја оградува терасата со стакло – овде се цени парчето небо што го имате
  • Овде никој не краде сијалици од ходник, бидејќи и тие се бесплатни.
  • Овде луѓето се шетаат со децата и семејно возат велосипеди, наместо семејно да седат пред екраните
  • Овде никој не остава ѓубре зад себе во природа
  • Сообраќајните несреќи се многу ретки, а веќе неколку години наназад ниту еден дете на настрадало во несреќа.
  • Овде луѓето не возат над дозволената брзина, ниту си го пресекуваат патот еден на друг во сообраќај.
  • Велат дека Норвежаните имаат долг животен век, бидејќи се една од најбогатите земји. Не – Норвежаните многу се грижат за здравјето, не ги пропуштаат и не го одложуваат прегледите – затоа живеат повеќе од 90 години.
  • Овде луѓето не се опијануваат и не пушат.
  • Во Норвешка, превентивните прегледи се потполно бесплатни нормално е да се оди на доктор и кога не ви е ништо. Единствено скапа е поправката на забите, но нивното чистење е бесплатно.
  • Бесплатно е и рутинското годишно вадење крв.
  • Што и да ви се случи, се лекувате на трошок на државата.
  • Овде сосема нормално е да се видат пензионери како шетаат или патуваат низ цела држава. Така си го чуваат здравјето и бракот.
  • Луѓето овде се тивки и културни, никогаш нема да видите како некој зборува на телефон во полно метро.
  • Овде луѓето не даваат совети ако никој не им побара.
  • Овде балконите се преполни со цвеќиња.
  • Погребите се многу скапи.
  • Чувањето куче е многу скапо – од исхраната до казната ако ви побегне, касне или нападне некого.

Ова се само некои од работите што Украинката ги забележала речиси веднаш. И сите ѝ се допаѓаат, па не ни размислува да се врати во родната земја. Што мислите вие за Норвешка? Би живееле во ваква земја?

„Јас сум една од оние луѓе што заминаа за Норвешка“: Се вратила по една година, еве зошто!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.