Мајка и три деца вратени од аеродромот во Скопје поради позитивен тест на коронавирусот

Фото: Илустрација

Не ги послушале епидемиолозите за задолжителна самоизолација

Мајка и три деца, кои биле тестирани во приватна клиника, сите позитивни на коронавирус, не ги послушале епидемиолозите за задолжителна самоизолација и заминале на аеродромот во Скопје, но Комисијата за заразни болести ги предупредила воздухопловните власти, па така семејството било запрено пред да се качи во авион, пишува СДК.мк.

Тие додаваат дека аеродромските служби во Скопје во неделата спречиле семејството да се качи на еден од двата лета за Норвешка и да ги зарази и останатите патници.

Инцидентот на Скопскиот аеродром се случил ден откако во Финска слетал авион со 157 патници од Скопје, од кои 24 биле позитивни на коронавирус.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.