Познатата пејачка го прележала коронавирусот во тајност: „Вистина е, прележав корона!“
Без помпа, во изолација
Без врева и помпа, поп-пејачката Милица Павловиќ го прележала коронавирусот во самоизолација и сега е негативна на ковид-19.
Би им порачала на сите да работат на својот имунитет, да пијат витамини Ц Д, а и доста работи доаѓаат од главата, важна е психата. Да, јас прележав корона, но на целата ситуација гледав како на една посилна настинка и од првиот ден кога ми се качи температурата си реков: ‘Океј, ајде да го прележиме ова!’ Така се програмирав во главата“, откри пејачката во една радиоемисија.
View this post on Instagram
Се изолирав, не кревав врева и не правев маркетинг од целата ситуација, така да се изразам, ниту плачев за помош. Се хранев здраво и се’ заврши добро“, заклучи пејачката.
Фото: Инстаграм