Милица Павловиќ повеќе нема да биде будала! Ја откри причината за судирот со Аца Лукас! (ФОТО)

Еве зошто се скарале познатите пејачи...

Музичката ѕвезда Милица Павловиќ и познатиот Аца Лукас снимија вистинско ремек дело „Kidaš me“, но токму кога се чинеше дека се во најдобри можни односи го избришаа дуетот и прекинаа секаков контакт.

Иако за тоа никогаш јавно не проговорија, Милица сега најави дека сепак ќе ја пее споменатата песна на концерт.

Подгответе се за 23 декември, бидејќи ќе ја пееме „Kidaš Me“ во Старк Арената! Можеби нема да можете да ја слушнете на Youtube, но ќе ја пееме заедно на концертот. Ова е во секој случај најскапата песна во мојата кариера – прво музиката и текстот, потоа спотот, а потоа изведбата и промоцијата навистина ме чинеа многу вложувања, а потоа изгубив многу нерви и доживеав многу стрес поради оваа песна, затоа што после сето споменато, морав да ја отстранам од Youtube и на тој начин спречив ризик целиот мој канал да страда поради една песна. И многу тешко се справував со тоа – истакна таа.

Потоа Павловиќ ја откри конкретната причина поради која настана конфликтот меѓу неа и Аца.

Доволно ме познавате, многу сум фер и посветена, се трудам се во кариерата да ми е средено „до совршенство“, го почитувам секој договор и ветување. И јас верувам. Испадна дека ова последново не ми е многу паметно, бидејќи тоа што не потпишав „едно парче хартија“ од доверба, почит и пријателство го создаде овој проблем. Бидејќи ме познавате доволно добро, знаете дека многу често размислувам за оваа песна и секој пат се нервирам. Но, сето ова ми одржа важна лекција – додаде Милица.

Поради оваа ситуација познатата пејачка реши веќе да не верува на никој, да потпишува за се договор, за секој случај.

Од тој ден буквално секој што го дише воздухот во студиото додека нешто се работи – потпишува договор. Не ми е тешко, имам безброј од тие „важни хартии“ и сите се безбедни. За секој случај. Милица Павловиќ повеќе нема да биде будала – напиша таа на Инстаграм.

Фото: Принтскрин

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.