Петар Грашо купил апартман од 160 илјади евра, а локацијата е сон!

Е ова е луксуз...

Познатиот хрватски пејач Петар Грашо со години покажува претприемничка сестраност, па иако неговата примарна работа е пеењето, тој веќе подолго време внимателно инвестира во туризмот. Петар сега купил и луксузен стан во Јахорина, а за него, како што пренесуваат медиумите, наводно платил околу 160.000 евра.

Колибата се наоѓа во луксузен комплекс во кој се инвестирани 15 милиони евра.

Јахорина ја сакаат сите бидејќи е извор на гостопримство, позитивна енергија и добра забава за целиот регион. Поради близината, кон неа гравитираат многу Далматинци и Загребчани, а таму често гледам драги пријатели од Словенија, БиХ и Србија. Цел живот скијам во Западна Европа, а станот на Јахорина не го купив само за скијање, туку затоа што е гаранција за мир и автентична зимска идила – потврди Петар.

Покрај тоа, Јахорина е блиску, без разлика дали доаѓам од Сплит или од Загреб. Природата е недопрена, инфраструктурата е квалитетна, па дестинацијата во суштина го нуди истото како скијачките центри низ Европа, само со повеќе мир, што е идеално за семеен одмор. На крајот, Сараево е исто така на 20 минути возење, а јас секогаш се чувствувам убаво и добредојдено во тој град – изјави Грашо.

Инаку, една од причините поради која Петар решил да се почасти со недвижен имот во Јахорина е тоа што неговиот сосед ќе му биде кум кој исто така купил стан таму.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.