Милица Павловиќ фотографирана без шминка: Сите со неверување гледаат во нејзиното лице (фото)

Мајка природа...

Милица Павловиќ ги изненади сите со својот изглед без шминка

Милица Павловиќ напорно се подготвува за концертот кој ќе го одржи во белградската Старк Арена. Проби со оркестарот, проби за танц… Пејачката не препушта ништо на случајноста, бидејќи решила на публиката да и приреди вистински спектакл.

И додека на концертот ќе ја гледаме во полн сјај, Милица Павловиќ на пробите доаѓа без шминка, а како изгледа во вакво издание не крие ниту од следбениците на Инстаграм.

Имено, Милица на својот Инстаграм профил објави видео на кое одблиску го покажа своето лице без шминка, што предизвика воодушевување кај нејзините следбеници.

И додека многу ѕвезди се кријат зад шминката и филтрите, убавата Милица не се колеба да ги покаже сите свои несовршености. Иако, ако се погледне нејзиното лице, може да се каже дека ги нема.

Павловиќ отсекогаш многу се грижела за својот изглед, инвестирајќи во висококвалитетна козметика и третмани… Сепак, нејзиното лице како и на секоја жена е различно со и без шминка, но сосема е очигледно дека е природна убавица.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.