Цеца вриеше од бес, Босанац ја игнорираше, а епилогот е неочекуван: „Благодарам многу“ (фото)

Пукна скандалот!

Фото: Инстаграм

Некои работи едноставно така завршуваат…

Вечер полна со емоции и разбранувани страсти ќе ја одбележи новата епизода на Ѕвездите на Гранд, а жешката дебата меѓу Цеца Ражнатовиќ и Драган Стојковиќ Босанац заврши на најсладок можен начин.

Кавгата меѓу двајцата членови на жирито започна многу грубо. Цеца воопшто не се согласи со излагањето на Босанац, кој не сакаше ниту да ја слушне нејзината забелешка, а камоли да ја признае.

„Босанац, не ме игнорирај. Зборувам со тебе, не си во право“, рече налутено Цеца, а на страната на Босанац застана и Александар Милиќ Мили.

„Слушај што ти кажува вујко ти“, искоментира Мили додека Цеца одеше кон Босанац за да му објасни.

„Не може тоа така Босанац“, жестоко рече Цеца.

Босанац не издржа па се обиде да се изјасни за својот поглед на ситуацијата.

„Не може така, друже мој, прекини еднаш и засекогаш“, – ѝ се обрати Босанац на Цеци, обидувајќи се да ја замолчи.

Веднаш потоа Драган ја смени тема.

„Момчето го заслужува целото внимание на Цеца“, дофрли тој, а веднаш потоа доби и бакнеж.

„Цмок“, се слушна бакнежот на Цеца, а трагите од карминот на образот на Босанац останаа да сведочат за нивната колегијална љубов.

„Ви благодарам многу“, додаде Цеца и се врати на своето место.

Фото: принтскрин 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.