Откако ги собори сите рекорди во Загреб, се огласи Александра Пријовиќ: Нејзините зборови кинат срца (видео)

До кога ќе собира обожаватели...

Вакво нешто еднаш се случува…

Откако ги собори сите рекорди во Загреб со пет распродадени концерти, регионалната ѕвезда Александра Пријовиќ денеска се огласи на социјалните мрежи за да ги сумира своите впечатоци.

Таа со видео од петтиот концерт јавно и се заблагодари на публиката за незаборавните моменти кои призна дека ќе ги памети до крајот на животот.

„Ви благодариме за петте незаборавни и убави ноќи… Ви благодариме за гостопримството, ви благодариме што ја пеевте секоја песна едногласно, ви благодарам за секоја насмевка и солза. Ве сакам“, напиша Александра со видеото од последниот концерт.

Да потсетиме, Прија синоќа во емотивен говор пред полната Арена во Загреб призна дека сака уште концерти во Хрватска.

„Многу сум среќна и горда! Млада сум, но се трудев да ги снимам најдобрите можни песни и никогаш да не ве изневерам. Сè што правам, го правам со целото срце затоа што оваа работа ја сакам најмногу на светот, но секогаш велам дека без публика што те сака, ништо не би било возможно“, рече таа и додаде:

„Секоја вечер ви кажувам благодарам и тоа по милион пати, но тоа е навистина најмалку што можам да кажам кога ќе ве видам. Ви благодариме за секој купен билет. Ви благодарам на сите што одвоивте време да дојдете на мојот концерт. Сакам само да знаете едно, ве слушам. Сакам и шеста, седма… десетта Арена“, рече пејачката.

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.