Покрај респираторните, и овие 3 симптоми го откриваат коронавирусот: Предупредуваат од Центарот за контрола на болести!

Обрнете внимание

Би било паметно да се земе предвид дека ова се исто така симптоми на инфекција со коронавирусот, иако немате други симптоми, предупредува докторот.

Вообичаените симптоми на коронавирус се за она што би очекувале доколку имате респираторни проблеми: треска, кашлица, замор и болки во мускулите. Но, според Ценарот за контрола и превенција на болести во САД, многу пациенти исто така доживеале гастроинтестинални проблеми како што се гадење, повраќање и дијареја, понекогаш дури и пред почетокот на респираторните симптоми.

„Ковид-19 може да се појави во различни форми. Имав пациенти кои повраќаа и имаа дијареја, но немаа треска”, објаснува д-р Хорхе Вунас.

Тоа повраќање е симптом на инфекција беше поврзано пред неколку месеци кога една девојка ги сподели своите симптоми на социјалните мрежи и рече дека со сите познати симптоми во подоцнежната фаза на болеста, имало постојано повраќање со несоница и целосно губење на апетитот.

Новинарката Абигеил Тартелин, исто така, детално ги опиша нејзините симптоми:

„Еве што ми се случи: Првото утро се разбудив и почувствував болка во грлото и проблеми со варењето. Деновите ги поминав во повраќање во бањата, чувствувајќи жал за себе. По неколку дена, развив кашлица, болка во мускулите и белите дробови”.

Голем број на пациенти имаат симптоми на проблеми со варење

Научниците исто така се согласија дека споменатите симптоми можат да се појават како последица на инфекција со коронавирусот, заедно со респираторни симптоми. Една од првите студии беше спроведена во Кина, каде што авторите на 652 пациенти примени во болници кај околу 10% од пациентите, исто така, забележаа симптоми како дијареја, гадење и повраќање.

Друга студија наведува дека околу 15% од ваквите симптоми се јавуваат кај возрасни, но дека се јавуваат почесто кај деца кои се заразени, во процент до 66%.

Во некои случаи, гастроинтестиналните проблеми беа единствените симптоми на болеста. Според американскиот журнал за гастроентерологија, кај 50% од хоспитализираните пациенти во провинцијата Хубеи во Кина, во април, 28 од нив имале дигестивни проблеми, а 6 немале респираторни симптоми.

Додека експертите не се целосно сигурни зошто овој вирус предизвикува повраќање, тие наведуваат дека е можно да станува збор за молекули што вирусот ги напаѓа (ACE2), а тие не се наоѓаат само во белите дробови, туку и во дигестивниот тракт.

Сите споменати истражувања и докази укажуваат дека повраќањето и гадењето не треба да се игнорираат за време на пандемијата.

„Би било паметно да се земе предвид дека ова се исто така симптоми на инфекција со коронавирусот, иако немате други симптоми“, вели д-р Вурнас и во тој случај важно е да се тестирате. Ако ги забележите овие симптоми и отидете на тестирање, би било паметно во меѓувреме да останете дома и да ги следите симптомите. Исто така, проверете дали консумирате доволно течности, храна и доволно спиете.

Прочитајте и: 4 стомачни проблеми што му претходат на срцев удар: Ако го почувствувате ова, одете на кардиолог!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.