Модни трендови што конечно станаа минато: Никој веќе нема да ги носи овие 6 работи!

Модна историја

Претресете ги вашите плакари и размислете од што треба да се ослободите, бидејќи на некои работи сигурно местото не им е повеќе таму

Според модните експерти, но и трендовите што ги пласираа модните дизајнери за лето 2010, некои работи никако не се повеќе во тренд.

Доколку следите мода, но и сакате да изгледате модерно и актуелно, тогаш морате да знаете што се носи, а што е дефинитивен „аут“ сезонава.

Ви претставуваме 6 парчиња што се носеа минатите години, а сега се за „рециклажа“.

Облека со везени детали

https://www.instagram.com/p/CALhdZ7Hsr1/?utm_source=ig_embed

Последниве години можевме да забележиме детали од вез на различни парчиња облека – на фармерки, маици, кошули, па дури и на обувки. Везените детали, барем во оваа форма, се модно минато. Во тренд е едноставната класика без додатни детали. Со други зборови – минимализам.

Фармерки-хеланки

https://www.instagram.com/p/B_POv9oFuM0/?utm_source=ig_embed

И на ова познато и долго присутно парче му истече рокот на траење. Сега важи за вулгарно парче, без стил, кое изгледа евтино. Оваа сезона, а се надеваме и понатаму, ќе го заменат класичните фармерки со длабок или класичен струк, како и фармерките со рамен крој, со недовршени (непорабени) рабови на ногавиците. Ваквите фармерки најмногу потсетуваат на класичниот модел „Левис 501“, кој сите го сакавме.

Широк појас – корсет

https://www.instagram.com/p/B_WhsO1AM-g/?utm_source=ig_embed

Украсувањето на фустаните, панталоните и туниките со појаси што изгледаат како корсети, излезе од дома. Во тренд се тенки и дискретни ремени, кои не паѓаат во око и не одвлекуваат толку многу внимание од преостанатите модни парчиња.

Широки фармерки или „бојфренд“ фармерки

https://www.instagram.com/p/CB_hgGLpjds/?utm_source=ig_embed

Овој модел на фармерки се појави после долгото владеење на тесните модели и тоа на таквите со многу низок струк, кои ќе се согласите дека им стојат само на супермодели. Денес на ред дојдоа фармерките со рамно сечени ногавици, стандардна должина и нормален или длабок струк. Одлично им стојат на повеќето жени, удобни се, а можете да ги комбинирате и со патики, сандали, апостолки и потпетици.

Облека или моден додаток со логото на произведувачот

https://www.instagram.com/p/B3HIYdriHUp/?utm_source=ig_embed

Овој тренд отсекогаш беше дегутантен на некој начин, тоа е исто како да купите маица „Гучи“ и да одите наоколу и да викате „видете ја мојата прескапа гучи маичка“. Модните експерти се согласни дека логото со големина на фудбалска топка на маицата или кошулата никако не е шик. Луксузната гардероба со логоа од брендови изгледа евтино. Дали некогаш сте ги виделе Кејт Мидлтон или Меланија Трамп да парадираат во облека со лого?

Долги туники со везени детали

https://www.instagram.com/p/BuYhMPnnFEU/?utm_source=ig_embed

Туниките што го покриваат задникот со цветен дезен во повеќе бои, но и еднобојните со везени детали и со везови на долните рабови, се модно минато. Не изгледаат женствено, лошо ги нагласуваат добрите женски атрибути, а „врескачкиот“ дезен е нешто што слободно може да се смета за нападно во секој поглед. Туниките ги заменија нежните и женствени кошули со долги и кратки ракави – со бели или дискретни пастелни цветни дезени, како и точкест дезен.

Најлошите трендови од 2000-те се враќаат во мода: Зошто?!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.