Прошетката на плажа го подобрува менталното здравје

Истражување открива

Фото: Getty Images

Како и зелената, сината околина придонесува за физичкото и менталното здравје на човекот. Зелените околини се паркови, шуми и други области со многу зеленило, додека сините околини се плажи, езера, реки, па дури и фонтани. Во суштина, каде и да има вода, тоа е „син простор“.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето што живеат покрај морето се посреќни, а новите истражувања го поддржуваат тоа тврдење.

Истражувачите од Институтот за глобално здравје во Барселона откриле дека дури и кратката прошетка на плажа може да го подобри менталното здравје и да помогне во борбата против депресијата. Тие анализирале 60 луѓе пред, за време и по прошетката во период од три недели. Во текот на првата недела, волонтерите минуваа по 20 минути на ден одејќи на плажа во Барселона, во втората недела одеа по улиците подалеку од вода, а во третата недела поминаа 20 минути на ден одмарајќи се на затворено.

Волонтерите го мереа крвниот притисок и отчукувањата на срцето, а исто така пополнија прашалник со одговори на прашања за нивната состојба и расположение.

Оние кои одеа на плажа се чувствуваа подобро, беа повитални и ментално посилни, и можно е ваквите прошетки да го подобрат здравјето на кардиоваскуларниот систем.

Според ООН, дури 55 проценти од светското население живее во градовите.

Прочитајте и: Кога вашиот најдобар пријател се претвора во „непријател“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.