Се венчавала дури осум пати, но само ТОЈ бил љубовта на нејзиниот живот: Сите љубовни бродоломи на најголемата заводничка во Холивуд!

Единствената и неповторлива Лиз

Легендарната филмска дива Елизабет Тејлор од самиот почеток на кариерата ги полнела медиумските наслови со детали од својот бурен љубовен живот

Елизабет Тејлор се венчавала дури осум пати, два пати за истиот маж, а од осумте бракови, само еден не завршил со развод.

Во една пригода објаснила дека во младоста, бракот бил синоним за љубов во нејзините очи. Имала 18 години кога во 1950 година му го кажала судбоносното „да“ на Конрад Хилтон Јуниор.

Набрзо сфатила дека направила голема грешка. Конрад воопшто не го познавала добро и многу брзо ја открила неговата мрачна страна. Богатиот наследник на синџирот хотели „Хилтон“ бил насилен алкохоличар, па се развела од него само осум месеци по венчавката.

Само 11 месеци подоцна се омажила за својот втор сопруг, 20 години постариот британски актер Мајкл Вајдлинг. Парот добил две деца, синовите Мајкл Хауард и Кристофер Едвард, но ни во вториот брак среќата не потрајала долго.

По четири години љубов објавиле дека се разведуваат, а нивниот развод бил финализиран во јануари 1957 година.

Повод за разводот бил театарскиот и филмски продуцент Мајк Тод, за кого се омажила во февруари 1957 година и шест месеца подоцна ја родила нивната ќерка Елизабет Лиза Френсис. Нивните колеги тврделе дека никогаш претходно не виделе таква меѓусебна привлечност, а парот имал обичај и многу страсно да се кара пред новинарите. Ден подоцна би се појавиле заедно и би им се смееле на натписите во весниците, кои до детали ги пренесувале и анализирале нивните караници.

Среќата им ја нарушила судбината. Тод на 21 март 1958 година загинал во авионска несреќа. Кратко по неговата смрт, Елизабет побарала утеха кај најдобриот пријател на Тод, актерот Ед Фишер, кој бил оженет со нејзина блиска пријателка, актерката Деби Рејнолдс. Нивната афера предизвикала голем скандал, а Елизабет им се правдала на медиумите со реченицата:

„Не можете да уништите среќен брак. Ништо не сум земала јас од Деби, бидејќи таа тоа никогаш не го ни имала.“

Фишер се развел од Деби и се оженил со Елизабет во мај 1959 година, а актерката подоцна изјавила дека се омажила за него од тага, а не од љубов.

На снимањето на филмот „Клеопатра“ во 1962 година, го запознала велшкиот актер Ричард Бартон, кој во тоа време бил во брак. Започнале страсна романса, а кога медиумите го откриле тоа, Елизабет се нашла во центарот на уште еден нов, љубовен скандал. Нивното неверство јавно го осудил дури и Ватикан, но на парот тоа воопшто не му пречело.

Побарале развод од своите партнери и девет дена откако официјално се развела од Фишер, се омажила за Ричард Бартон во Монтреал. На малата приватна церемонија носела необична венчаница во која ретко која жена би се венчала – краток, интензивно жолт фустан.

Елизабет ја замолила котимографката Ајрин Шараф, со која работела на филмот „Клеопатра“, да ѝ го дизајнира фустанот во кој ќе се венча. Резултатот бил сѐ освен типична креација.

Ајрин ѝ сошила краток фустан од шифон и свила со долги ракави во интензивно жолта нијанса. Таквата боја на невестински фустан воопшто не е вообичаена за невести, но освен тоа, во разни култури се смета дека жолтата боја носи несреќа и затоа се одбегнува на важни настани, особено на венчавки.

Уште тогаш многумина зборувале дека жолтата венчаница ќе го осуди и овој брак на познатата актерка на пропаст, а тие предвидувања станале вистинити во јуни 1974 година.

Меѓутоа, набрзо се смириле и повторно се венчале во октомври во 1975 година. Ни вториот обид не им донел повеќе среќа и успех, па во јули 1976 година, на ред дошол и нивниот втор развод!

„После Ричард, сите други мажи беа во мојот живот само за да имам некој што би ми го придржил капутот или би ми отворил врата. Сите мажи после Ричард беа само друштво“, изјавила таа подоцна и во повеќе наврати.

Меѓутоа, таа не тагувала долго за Бартон и не дозволила тоа да ја спречи да го продолжи животот со полна пареа, туку веќе во декември 1976 година се омажила за својот шести сопруг, политичарот Џон Варнер. Нивниот брак траел до крајот на 1982 година. Елизабет во меѓувреме се свршила уште два пати, за адвокатите Виктор Луна и Денис Стајн, но сето тоа се завршило со веридба – не дошло до венчавка.

Својот седми и последен сопруг Лери Фортенски го запознала во 1988 година во клиниката Бети Форд. За него се омажила во 1991 година, а и тој, последниот во низата бракови, завршил со развод во 1996 година.

Елизабет Тејлор важела и ден денес важи за една од најфаталните жени на светот, а нејзините љубовни приказни и бродоломи и денес се непресушна тема на многу книги, биографии и медиумски статии.

Љубовна приказна побурна од филмска драма: До последниот ден од животот, Ричард Бартон искрено ја сакал само неа!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.