Удобно и трендовски: Бела Хадид демонстрира како изгледа еден одличен летен стајлинг!

Модерно

Одлична комбинација за топлите денови

Кога ќе пристигнат високите температури, удобноста станува императив. Меѓутоа, Бела Хадид, успеала да го спои удобното и модерното во еден стајлинг.

Манекенката ни даде одличен пример за добра летна модна комбинација. Таа одбрала бела боја, вистинска летна нијанса во која исончаниот тен доаѓа до израз.

Тренерките и лежерниот стил кој потсетува на 90-те години од минатиот век е сѐ поактуелен, па затоа овој стајлинг е одличен избор.

Тесната маица и големата чанта со животински дезен ја надополниле комбинацијата. Одличен избор за прошетка во градот или одење на кафе.

Неколку класични трикови кои секогаш ќе ја направат вашата модна комбинација да изгледа совршено
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.