Дали сте за состанок со Кијану Ривс?

Малку „еден на еден“ со него

Холивудската ѕвезда Кијану Ривс ѝ дава шанса на една среќна обожавателка да помине 15 минути со него на виртуелен состанок преку апликацијата за видеоповик „Зум“, под услов таа да бидат највисок понудувач на неговата аукција за добротворни цели.

Парите ќе бидат префрлени на добротворната организација Camp Rainbow Gold за помош на деца болни од рак.

Организацијата одржува серија аукции на трендовски парчиња, дизајнерски чанти „Хуго бос“, квалитетни вина и видеоразговори со sвезди за да собере пари за нејзината мисија да им помага на децата што боледуваат од рак, како и нивните семејства.

Онлајн-средбата со Кијану е со почетна цена од 9.800 долари.

Описот на понудата гласи: „Малку еден-на-еден со Кијану“.

ФОТО: Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.