Џенифер Лопез и Алекс Родригез во „лов“: За оваа вила месечната рата ќе ги чини 70.000 долари (ФОТО)
Џенифер Лопез и Алекс Родригез наголемо се подготвуваат за претсојното лето, кое планираат да го поминат покрај плажа во Малибу. Токму затоа, популарната двојка неодамна беше забележана во потрагата по идеална недвижнина покрај океанот.
Досега парот беше во карантин во куќата во Мајами заедно со децата, а како што мерките попуштаат, тие бараат алтернативна опција за летото. Наводно, тие сакале да изнајмат нешто и разгледувале луксузна куќа на плажа на три ката, со две дневни соби со поглед на океан, три спални соби и 5 бањи.
Куќата нуди и три одвоени балкони од кои може да се ужива во прекрасниот поглед.
Фото: The MLS