На љубителите на колбаси дефинитивно ќе им се допадне овој вкусен ѓувеч, кој се приготвува во рерна.
Состојки:
* 2 компира со средна големина
* 1 млада тиквичка
* 1 страк праз
* 2 моркова
* 2 црвени пиперки од замрзнувач
* 2 лаврови листа
* 150 г ориз
* 4 свежи тенки скараџиски колбаси
* 350 мл доматен сок
* зеленчукова супа по потреба
* 1 лажиче пипер
* црн пипер
* сол
* 30 мл масло
Приготвување:
1. Компирите и тиквичката се лупат и се сечат на коцки со средна големина.
2. Празот и морковите се чистат и се сечат на коцки, а црвените пиперки и скараџиските колбаси се сечат на покрупни парчиња.
3. Во вангла се соединуваат компирите и тиквичките, па се додаваат сечканиот праз и морковите.
Се ставаат пиперката, лавровиот лист, скараџиските колбаси и оризот, се прелева со малку масло, па се посолува и запиперува по желба. Полека се меша за да се распределат рамномерно состојките и зачините.
4. Смесата се претура во огноотпорна чинија, се прелева со доматниот сок и се долева зеленчукова супа по потреба, да се прекријат состојките.
5. Се пече во загреана рерна на 200°C, додека омекне зеленчукот, а оризот да набабри. Во текот на печењето во неколку наврати јадењето се меша и се додава уште малку супа по потреба.
Текст и фото: „Добра храна“