Извонредниот роман „Ана“ од Николо Аманити – подарок за 1 читателка

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Во ова свое ремек-дело, Аманити фрла остра критика на корпоративниот глобализам што владее со светот и го потсетува човештвото дека наскоро ќе исчезне ако се остави на ова и не се спротивстави.

Издавачката куќа „Антолог“ на една читателка на „Убавина и здравје“ и’ го подарува романот „Ана“ од Николо Аманити.

Ана, нејзиниот брат и други деца шетаат низ Сицилија, јадат слатки и конзервирана храна, борејќи се да преживеат. Храната и водата стануваат луксуз. Пожари беснеат низ целата земја. Дистопија. Пред четири години опасен вирус од Брисел ја зарази целата планета и го уби целото возрасно население! Останаа само деца.

Организирани како детски орди, изгубените и оставени мали жители изгледаат како да ја започнуваат цивилизацијата од нула.

Поминувајќи низ низа авантури и опасности, спознавајќи ги љубовта и пријателството, Ана расте и созрева. Пред да умре мајка им, ги предупредува дека, кога ќе достигнат одредена зрелост, вирусот ќе ги убие и нив. Но им кажува и дека некој, некаде, ќе има лек!

Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во мај. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Читајте нè! забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.