Холивудска приказна што ќе ви го скрши срцето: Животот не му поделил добри карти, но неговата храброст и оптимизам се инспирација!

Тажна приказна

Вечно ќе остане запомнет како Супермен, но многумина не знаат дека тој тоа и навистина бил во вистински живот…

Актерот Кристофер Рив, кого повеќето го паметат по улогата на новинарот Кларк Кент, кој се претвора во суперхеројот Супермен, немал среќа во вистински живот. Неговата судбина е потресна, но истовремено и инспиративна приказна за волјата, силата и храброста.

https://www.instagram.com/p/B-AVvE4AUEg/

Рив веќе бил славен кога во едно кабаре ја запознал Дејна Леј, во која се вљубил на прв поглед. Парот се венчал во 1992 година, но несреќата брзо чукнала на нивната врата.

Познатиот актер во 1995 година доживеал страшна несреќа, кога паднал од коњ и се здобил со тешка повреда на глава, поради што останал парализиран од вратот надолу. Неговата сопруга целото свое време го поминувала покрај повредениот сопруг, помагајќи му да закрепне, што било макотрпен и неизвесен процес.

https://www.instagram.com/p/B_JW5dNg88Z/

И покрај фактот што завршил во инвалидска колична и со бројни попатни здравствени компликации, славниот актер не се откажал од животот. Напротив, остварил неверојатен здравствен напредок, каков што докторите не можеле да предвидат ни во најлудото сценарио. Активно се занимавал со говорништво и со советување, а неговите мотивациски говори станале познати ширум светот.

Секаде се појавувал насмеан и полн со елан, а саканата сопруга никогаш не го напуштила.

Меѓутоа, неговата комплексна состојба имала придружни компликации, па така неколку години подоцна, поради инфекцијата што му се развила, примил антибиотик, поради што паднал во кома, а кратко потоа, во март 2004 година, починал од застој на срцето. Веста за смртта на славниот актер и голем борец го потресе целиот свет, но трагедијата не завршува тука. На неговата сопруга Дејна, само една година по смртта на Кристофер, ѝ бил дијагностициран неизлечив облик на рак на белите дробови, и таа починала во март 2006 година.

Кристофер Рив со сопругата, основал фондација која го носи неговото име и која е посветена на иновативни истражувања и решенија за лекување на повредите на ’рбетниот мозок, како и на подобрувањето на условите за живот на лицата со овој вид повреда. Неговиот ангажман и хуманитарна работа ќе останат уште долго запомнети меѓу пријателите и обожавателите на овој голем човек.

https://www.instagram.com/p/B-6sbeQhRgS/

Кристофер Рив ќе остане запомнет не по трагичната несреќа што му се случила нему и на неговата сопруга, туку по борбата, ентузијазмот и силата на духот, кои не го напуштиле до последен здив. И секако, ќе остане запомнет како единствениот вистински Супермен – човек од челик!

На почетокот од бракот, актерот тешко се разболел: Кога сите се откажале, таа останала покрај него цели 30 години!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.