Камилицата ублажува желудочни тегоби и симптоми на настинка, невенот ги регулира проблемите со варењето, а кантарионот помага во борбата против депресијата и стресот
Најбитните тинктури, кои би требало да бидат присутни во секое домаќинство, се приготвуваат на база на невен, камилица и кантарион.
Тие може да се користат за надворешна, но и за внатрешна употреба.
Камилицата ублажува желудочни тегоби и симптоми на настинка, невенот ги регулира проблемите со варењето, а кантарионот помага во борбата против депресијата и стресот.
Златното правило за орална употреба гласи: трипати дневно по десет капки.
Кога е во прашање надворешен третман на кожни повреди, наведените тинктури по правило се разредуваат во сооднос 1:4 и се применуваат во вид на облоги.
Исто така може да се додадат во водата за бањање. Тинктурите по потреба може да се приготвуваат и за резерва: неопходно е 15-20 г билна мешавина да се помеша со 100 мл седумпроцентен алкохол и сето тоа да се сипе во темно стаклено шише, кое добро се затвора.
Доколку се чуваат на ладно, тинктурите може да се користат цела една година.
Текст: Добра храна