Ова е единствениот начин да го отстраните коронавирусот од овошјето и зеленчукот!

Тврдење на доктор Сем Хај

Се откри дека вирусот може да опстане и по неколку дена на овошјето и зеленчукот

Истражувањата потврдиле дека вирусот КОВИД-19 може да преживее на тврди површини, како што се пластика и челик со часови, во некои случаи и со денови. Сега излезе дека и овошјето и зеленчукот исто така може да бидат преносители на вирусот.

„КОВИД-19, како и сите други вируси што се причинители на настинки и грипови, се пренесува кога кашламе и киваме, односно по пат на капки. Кога ќе се случи тоа, капките паѓаат на секоја површина во радиус од два метра“, открил доктор Сем Хај и додал дека токму затоа преносот на вирусот е прилично едноставен.

„Кога ги бришете очите, носот или устата, го пренесувате вирусот на прстите, а потоа и понатаму на предметите што ги допирате. Тоа важи и за овошјето и зеленчукот во продавниците кои луѓето слободно ги допираат“, предупредува тој.

Сепак, тоа не значи дека мора да престанете да купувате свежи намирници, но треба да бидете повнимателни при нивното приготвување и консумација.

„Мој совет е да почекате неколку дена пред да решите да ги консумирате и добро да ги измиете“, истакнува доктор Хеј.

Препораките во однос миењето на овошјето и зеленчукот се следниве:

1. Измијте ги рацете 20 секунди со топла вода и сапун.

2. Проверете дали на парчето овошје или зеленчук има оштетување и отстранете го со нож.

3. Измијте го производот пред да го лупите и осигурајте се дека нечистотиите и бактериите не дошле во контакт со ножот со кој ќе го сечете производот.

4. Нежно истријте го овошјето или зеленчукот под млаз вода.

5. Земете чист нож и со него излупете ги краставиците, јаболката или компирот.

6. Исушете го производот со сува и чиста крпа или со хартиена салвета.

7. Кога станува збор за зелена салата или зелка, отстранете ги сите надворешни листови и добро измијте ги со вода.

Овошјето и зеленчукот можете да ги оставите во фрижидер на температура под 5 степени Целзиусови.

Колку долго коронавирусот живее на телефоните и колку е тоа опасно?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.