Додека ги чекаат резултатите од тестот на коронавирус, Хајди Клум и нејзиниот сопруг се бакнуваат преку стакло (ВИДЕО)
Што е сигурно - сигурно е!
Славната манекенка Хајди Клум (46) на својот инстаграм-профил објави видеоснимка на која се гледа како се бакнува со музичарот Том Каулик (29) преку стакло.
Во описот на видеоснимката, поранешниот топ-модел објасни дека веќе една недела не се чувствува добро и дека се сомнева дека се заразила со КОВИД-19 за време на снимањето на шоуто „Јас имам талент“, во кое е дел од жири-комисијата.
По самоизолација од една недела, денес конечно е тестирана и ги чека резултатите од тестот. Во меѓувреме, и нејзиниот млад сопруг се вратил од турнеја и исто така не се чувствува добро, па и тој е тестиран на коронавирусот.
Хајди истакна дека заради нивна лична, но и поради безбедноста на другите луѓе, таа и нејзиниот сопруг одлучиле посебно да се самоизолираат, чекајќи ги резултати од тестот за коронавирус.
Чувствував дека имам температура, ми беше студено и ми течеше носот. Останав дома да не ги заразам другите луѓе. Водете сметка и останете дома ако не се чувствувате добро”, порачува бившата манекенка.
Фото: Инстаграм, Getty Images