Љубовен триаголник: Нејмар му ја презеде девојката на Малума (ФОТО)

Хрватската манекенка фатална за фудбалерот и за раперот

Светските медиуми на големо информираат дека популарниот фудбалер Нејмар е во љубовна врска со хрватската манекенка Наталија Барулич. Своите написи ги поткрепуваат со пораката што убавата Хрватка му ја остави на фудбалерот по повод прославата на неговиот роденден.

Сите знаат колку си неверојатно талентиран, но кога би знаеле колку си реален и убав во срцето. Ја имаш сета моја почит и чест,
бебе“, напиша Наталија во описот на заедничката фотографија објавена на Инстаграм.

Но тоа не е се’. Уште една фотографија ги заинтригира сите, на која убавата Наталиа позира во раскошен бел фустан, нејзин избор за прославата на 28-от роденден на својот сакан.

Кога Нејмар ќе ми каже да се облечам во бело и кежуал… та да! Среќен роденден Неј“, објасни убавицата во коментар на фотографијата, која му се допадна на фудбалерот, кој кратко и’ порача:

Прекрасна“.

 

Инаку, пред врската со Нејмар, Наталија две години беше во љубов со раперот Малума, кој е сега нејзино минато. Се шпекулира дека токму неверството со Нејмар е причината поради која манекенката и раперот ја раскинале врската.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.