Актерот повторно предизвика сообраќајна несреќа

Трета во период од една година

Овој пат не брзал да ги нахрани мачките

Сергеј Трифуновиќ вчеравечер предизвикал сообраќајна незгода на автопатот Белград – Нови Сад, пренесуваат српските медиуми, кога со своето возило „ауди Q2“ удрил во друго возило со марка „фиат“, кое се движело пред него.

Брзо по несреќата, на местото на сообраќајката пристигнало и возило на итна помош. Возачот на „фиатот“ бил пренесен во најблиската болница, каде што е задржан на понатамошно лекување.

Инаку, ова не е првпат Трифуновиќ да предизвика сообраќајка. Верувале или не, актерот пред 20-тина дена удри со своето возило во градски автобус во Белград, на булеварот „Михаил Пупин“, во близина на бензиска пумпа. Веднаш потоа исчезна од местото на несреќата „за да им отвори врата на мајсторите“, а потоа се врати за да разговара со полицијата.

Удрив во автобус. Си ја уништив вратата. На него му требаше малку боја, затоа што е силен како автобус. Му кажав на возачот дека ќе треба да одам да им отворам врата на мајсторите и да ги нахранам мачките, па ќе вратам, затоа што на полицијата сигурно ќе и’ требаше половина час за да дојде. Не паркирав во гаражата однапред за да завршам работа. Кога излегов, полицијата веќе дојде и ми го собра возилото. Ги молам надлежните органи да ме повикаат на мобилен, затоа што не знам каде треба да одам за да пријавам и да го решам проблемот“, рече тогаш Трифуновиќ.

Во јуни 2019 година, Трифуновиќ доживеа уште една незгода откако излета од патот во село кај Крагуевац, во Србија, откако претходно изгубил контрола. За среќа и тогаш и сега, глумецот не добил потешки повреди.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.